Маса во облик на дрвено буре е наменета за надворешна и внатрешна употреба. Заради малата тежина лесно се преместува. Во целост е изработена од полиетилен и заради тоа доволно е само да се измие со вода без посебно одржување. Материјалот е УВ стабилен, отпорен е на ниски и високи температури и заради тоа може да ја оставиме надвор и лето и зиме. Доколку сакаме да ја зголемиме тежината , долниот дел на масата го полниме со песок.Горниот дел може да се оддели и да го употребиме долниот дел како буре.